Не само што е одличен играч, не само што е капитен на Македонија туку е и голем спортсмен. Се разбира дека тука мислиме на Енис Барди, кој на мечот со Англија покажа дека знае да ги почитува и респектира гостите, па кој да се.
Па така кога почна интонирањето на англиската химна почнаа да се слушаат свирежи од преполната Арена во Скопје. Барди потоа напрви гест за паметење.
Почна да ракоплеска, а потоа тоа го сторија и останатите наши фудбачери, со што им даде до знаење на македонските фанови да престанат со свирежите и тие по неколку секунди тоа и го направија, барем поголем дел од нив.
Време е еднаш да се навикнеме дека не треба да упатуваат свирежи на химните на гостинските репрезентации, освен се разбира на една наша соседна земја, онаа од истокот.