Словенија е третата земја од екс – СФРЈ која успеа директно да се пласира на ЕВРО 2024, покрај Хрватска и Србија, сеуште има шанси и за БиХ преку баражот.
Инаку по цели 24 години Словенија успеа да се најде во завршницата на едно ЕП и јасно беше дека славјето во таа земја беше големо, еуфорично.
По завршувањето на мечот прво се славеше на стадионот “Стожице“ за да потоа еуфоријата биде пренесена во центарот на градот Љубљана.
Главен беше Шешко, па токму затоа и постојано се пееше песната “Šeško’s on fire”.
Šeško’s on fire! 🇸🇮🔥 #SrceBije 🇸🇮 #EURO2024 pic.twitter.com/SQYlj7Ax7x
— NZS | FA Slovenia (@nzs_si) November 20, 2023
Убаво, еуфорично, културно, како што треба.
ФОТО:Twitter