За еден глас не е прифатен предлогот за забрана за трансфери меѓу клубови со исти сопственици!

251

Клубовите од англиската Премиер лига за само еден глас не успеаја да изгласаат забрана за трансфери меѓу клубови со заеднички сопственици. На состанокот на премиерлигашите одржан вчера, 13 клуба гласале за ваква забрана, но за истата да биде правосилна беа потребни 14 гласа.

Седум гласаа од премиерлигашките гиганти биле за задржување на постоечките правила, со што клубовите со исти сопственици во иднина ќе можат без проблем да вршат меѓусебни трансакции во јануари.

Проблемот настана откако Њукасл најави дека ќе го донесе во јануари Рубен Невеш од Ал Хилал на позајмица до крајот на сезоната. Ал Хилал е дел од тимовите под капата на Саудискиот инвестициски фонд кој има мнозинска сопственост и во екипата на Њукасл.

ПретходноПо пеналот во Скопје: Мегваер бара од Премиерлигата да се бори против т.н. „меки пенали“!
СледноКисум: Со нашите фанови имаме шанси да го победиме Пик Сегед