Инцидент и во Лима: Перуанската полиција со палки по репрезентативците на Венецуелa (ВИДЕО)

200

Немили сцени синоќа имаше и во Перу на натпреварот меѓу селекциите на Перу и на Венецуела. Имено, перуанската полиција со палки ги нападна репрезентативците на Венецуела, додека сакаа да се приближат до трибините каде беа нивните навивачи за да им ги фрлат дресовите.

Полицијата им објасни на играчите дека нема да им биде дозволено да влезат на трибините и ги оттурнаа. Еден од играчите удрил некого од полицајците, по што тие возвратиле користејќи ги палките.

ПретходноГундоган: Ако има нешто позитивно, тоа е што од ова полошо не може да биде!
СледноФит Фан Волеј го предизвикува лидерот Струмица