Филип Кузмановски со пет гола дебитираше во дресот на Пелистер. Македонскиот репрезентативец одлучи да се врати во Битола откако спогодбено го раскина договорот со Вецлар каде не се пронајде. Сега Кузмановски ќе има шанса да ја добие посакуваната минутажа, да биде на нивото на кое сме навикнати да го гледаме/
По мечот откри дека жали што против Пик Сегед не успеале да дојдат до победа, но вети дека во иднина Битола ќе се радува на уште многу победи.
„Бев многу мотивиран да играм пред оваа прекрасна публика. Навистина ми е жал што не стигнавме до победа на овој дуел. Имавме голема шанса за тоа и само пред ваква публика може да се победи вака квалитетен противник. Сегед е врвна и многу искусна екипа со големи имиња во својот ростер, и штета што не успеавме да го изненадиме. Ветувам дека во иднина ќе бидеме многу подобри и заедно со оваа публика ќе се радуваме на многу победи“, рече Кузмановски.