Лејкерси ја победија Јута, Леброн влезе во историјата (ВИДЕО)

423

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја победија Јута со 131:99 во еден од најинтересните дуели синоќа во НБА лигата. Натпреварот го одбележа легендарниот Леброн Џејмс, кој стана првиот кошаркар со постигнати над 39.000 поени во НБА лигата. Натпреварот го заврши со 17 поени, девет асистенции и седум скока.

Најефикасен кај Лејкерси беше Ентони Дејвис со 26 поени, а Д’Анџело Расел постигна 20 поени со осум асистенции. Лејкерси се први во групата А на западот во т.н. Плеј-ин дел или НБА Куп со максимални четири победи.

Кошаркарите на Феникс го победија Портланд со 120:107 и ја постигнаа четвртата последователна победа, вкупно втора во групата А Запад. Кевин Дурент го предводеше Феникс со 31 поен, девет асистенции и четири скока.

Кошаркарите на Индијана ја победија Атланта со 157:152 и го обезбедија првото место во групата А во Источната конференција на плеј-ин турнирот.

Тајрис Халибартон ги предводеше Пејсерси со 37 поени, 16 асистенции, пет скока и три украдени топки.

На плеј-ин турнирот 30 екипи се поделени во шест групи во рамките на конференциите на кои им припаѓаат. Тимовите играат по четири натпревари, победниците од секоја група и двајцата најдобри второпласирани ќе се пласираат во четвртфиналето закажано за 4 и 5 декември, а финалето ќе се игра на 9 декември во Лас Вегас.

Во останатите натпревари Кливленд по продолжение ја совлада Филаделфија со 122:119, додека Орландо го совлада Торонто со 126:107 и ја постигна четвртата последователна победа.

ПретходноПознати сите учесници на ЕП 2024 преку квалификациите, три места ќе се пополнат преку ЛН
СледноАргентина го победи Бразил на „Маракана“, Нуњес со два гола за нова победа на Уругвај (ВИДЕО)