Лина елиминирана во 1.коло на фјучрсот во Валенсија!

91

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на фјучрс W100 турнирот во Валенсија. Таа во првото коло загуби вечерва од српската тенисерка Миа Ристиќ со 2-0 во сетови (76(5) 76(4)) за 1 час и 50 минути игра.

На стартот од првиот сет Ристиќ  (која преку квалификации стигна до главниот турнир) поведе со 2:0 во гемови, но Ѓорческа успеа да направи серија од 5-1 и го презеде водството со 5:3 во гемови. Потоа следуваа три гема за Ристиќ, а откако Ѓорческа го освои 12.тиот гем следуваше тај брекот. По 5:2 на поени за Ристиќ, Ѓорческа изедначи, но потоа направи двојна сервис грешка и веднаш потоа српската тенисерка сервираше и ас за да го добие тај брекот и да поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет Ѓорческа поведе со 3:1 во гемови, но Ристиќ направи серија од три гема за 4:3. Македонската тенисерка водеше со 5:4 и 6:5, но не дојде во шанса за брејк до крајот на сетот и повторно решаваше тај брејкот. По 3:1 во поени за Ѓорческа ривалката освои пет поени во низа што беше клучно за да го добие сетот, а со тоа и мечот.

Ѓорческа за учеството на овој фјучрс ќе добие еден поен.

ПретходноКузмановски: Навистина ми е жал за вечерва, но ветувам дека ќе се радуваме на многу победи
СледноДалиќ најави заминување: Ќе ја водам Хрватска на ЕП, а потоа можеби е време за некој помлад!