Заврши уште еден квалификациски циклус за пласман на ЕП, сега за ЕВРО 2024. Македонија имаше “среќа“ да се падне во најтешката група во историјата се чини. Англија, Италија овие две селекции игра во финалето на последното ЕП, потоа силната Украина и Малта.
Завршивме на 4.место со 8 бодови, две победи над Малта, и по едно реми со Англија и Италија дома.
Се чини дека пресуден за нас беше поразот од Украина дома со 2:3 и тоа при наше водство од 2:0. Ако тука славевме, мечот се играше во јуни, се можеше да се случи. Се разбира дека треба да помине уште некој ден за да со “ладни глави“ да проанализираме дали можеше повеќе, но сепак бодат оние 0:7 и 2:5 од Англија и Италија на гости.
Реално не сме до толку слаби за така високи порази, но ете во фудбалот се случуваат и такви работи.
Македонија и дефинитивно својот пат или пласман на ЕП требаше да го гледа низ Лигата на Нации. И тоа со Грузија, Бугарија и Гибралтар. Но искрено ние бевме катастрофа во оваа група. Само две победи, едно реми и три порази и на крај се пласиравме на третото место.
Па така место нас во полуфиналето од ЛН или баражот за пласман на ЕП ќе игра Грузија, ние ова натпреварување мораше посериозно да го сфатиме.
Тука ја загубивме нашата шанса. Се чини дека ако Македонија успееше да биде прва во групата, мислиме на ЛН во сегментот -Ц, во полуфиналето ќе игравме со Луксембург, а во финалето со победникот од дуелот Казахстан – Грција.
Реално од сите четири селекции сме посилни и ќе имавме големи шанси за уште еден пласман, за уште едно учество на ЕП.
Но, сега не вреди да се “плаче“, тоа што било не можеме да го вратиме, нека биде памет за во иднина.