Раководството на Барселона било многу задоволно од тоа како напредуваат работите, односно реконструкцијата на “Камп Ноу“. Се смета дека можеби и порано од очекувањата навивачите би се вратиле на трибините на новиот “Камп Ноу“, секако и екипата која сега игра на “Монжуик“ кој е со двојно помал капацитет.
Се верува дека 29 ноември 2024 година, значи за точно една година е датумот кој ќе биде одреден за враќање на “Камп Ноу“, иако тоа нема да биде целосно зошто се очекува тој да биде целосно реконструиран до 2026 година.
Кога се ќе биде готово тогаш капацитетот ќе биде 104.600 места за разлика од досега кога беше 98.000 места.