По пеналот во Скопје: Мегваер бара од Премиерлигата да се бори против т.н. „меки пенали“!

747

По пеналот кој го доби Македонија на мечот со Англија во Скопје, најгласен во критиките кон судиската одлука беше Хари Мегваер. По враќањето дома, тој преку медиумите ги повика луѓето во Премиер лигата да го средат нередот околу „меките пенали“ кои се судат по имплементирањето на ВАР системот и побара тие да бидат предводници во подигањето на прагот за доделување на пеналите.

Дефанзивецот на Англија и Манчестер Јунајтед вели дека е „смешно“ тоа што сега претставува казна, и во Англија и надвор од земјата.

„За мене, пеналите кои се судат во последните шест месеци или една година, особено во Премиер лигата, се толку меки. Тоа им го отежнува животот на дефанзивците за да се бранат како што треба“, порача Мегваер.

ПретходноБобан Илиоски обезбеди полуфинале на СП во Португалија
СледноЗа еден глас не е прифатен предлогот за забрана за трансфери меѓу клубови со исти сопственици!