На натпреварот од Лигата на шампионите на ФИБА помеѓу Перистери и Фалко триумфираше тимот на Василис Спанулис, меч кој заврши со скандал. Спанулис беше исклучен. Тој доби две технички грешки поради протестирање, а кога се појави на прес-конференцијата беше видно лут иако неговиот тим славеше убедливо. Грчката легенда објасни и зошто.
„Јас сум повеќе од 20 години во кошарката и никогаш во животот не сум видел човек на записничката маса кој е дел од играта да каже „Е*и се“. Никогаш не сум го видел тоа во животот. Тоа е срамота, прво за него, а после и за кошарката и за клубот кој има многу добра организација. Во него работат многу добри луѓе, имаат одличен тренер кој го познавам лично. Тоа е срамота. Никогаш не сум слушнал такво нешто.
Побарав тајм-аут доколку противникот даде кош. Ми го даде тајм-аутот и покрај тоа што не дадоа кош бидејќи моите кошаркари направија прекршок. Го прашав зошто ми даде тајм-аут, а тој ми кажа „Е*и се“. Тоа е голем срам за нашиот спорт, немам што друго да кажам“, рече Спанулис.