По неуспешните квалификации за ЕП 2024, Јане Андерсон замина од селекторското место во Шведска. Во тамошната федерација веднаш се зафатија со работа и обезбедување на негов наследник.
Во шведската јавност се споменуваше името на Греам Потер, но тој наводно ја одбил поканата на Шведската федерација. Од денеска нов фаворит за местото е Норвежанецот Пер-Матијас Хогмо, кој моментно е на клупата на шведскиот прволигаш Хакен, во чии редови настапува и македонскиот интернационалец Филип Трпчевски, поранешен репрезентативец во нашите млади селекции.
„Засега не сакам да коментирам ништо. Има интерес и сме разговарале и со Пер-Матијас, но не што да додадам“, вели спортскиот директор на Шведската федерација, Мартин Ериксон .
Хогмо има договор со БК Хекен до 2024 година.