УЕФА го казни ПСЖ за дуелот со Милан

136

УЕФА го казни ПСЖ со 98.000 евра поради серијата инциденти на натпреварот против Милан во Лигата на шампионите.

Францускиот тим го совлада Милан со 3:0 во натпреварот на 25 октомври на „Паркот на принцовите“, а УЕФА објави дека клубот е казнет со 75.000 евра за димни бомби на трибините, 18.000 евра за блокирање премини на трибините и 5.000 евра поради влегување на навивачите на теренот.

Во одлуката на УЕФА на 9. ноември, стои дека стадионот на парискиот клуб ќе биде делумно затворен за следниот натпревар во европските натпреварувања, тој е суспендиран на две години.

Милан е казнет со 20.000 евра поради нереди меѓу своите навивачи и уште 3.000 за димни бомби.

ПретходноСрбљак го заврши настапот на фјучрсот во Ираклион
СледноПМФЛ: Брегалница – Шкендија се игра в сабота, сите останати мечеви од 15.коло се во недела!