Денеска и утре треба да се одиграат натпреварите од новото 8. коло во домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција. Оваа сезона кај дамите е исклучително интересно, затоа што во битката за врвот се вклучени неколку екипи, кои уште во првите кола најавија жестока битка за титулата.
Откако останаа непоразени и во големото струмичко дерби против Наковски Волеј, лидерките, екипата на Струмица, денеска во Скопје ќе имаат уште еден интересен дуел против незгодниот Фит Фан Волеј, кој покажа дека и против фаворитите знае да одигра одлични дуели. Наковски Волеј, пак, денеска на домашен терен ја пречекува екипата на Вардар 2019, додека шампионот Работнички го пречекува штипски Младост УДГ.
За утре е закажан дуелот меѓу екипите на јанта Волеј и Вардар ЕМ.
Прва лига – жени / 8. коло
Денеска:
16:30 Работнички – Младост УДГ
18:00 Фит Фан Волеј – Струмица
20:00 Наковски В. – Вардар 2019
Утре:
20.30 јанта Волеј – Вардар ЕМ