Вечерва се одиграа два меча од 8.коло во нашата елитна кошаракска лига.
МЗТ Скопје и тоа како прописно се изнамачи на гостувањето кај ТФТ но сепак успеа да победи со 63:68, на пауза се замина со резултатски егал 35:35.
Ова беше навистина инттересен, возбудлив меч и неизвесен, и шампионот дури во финишот го скрши отпорот на домашниот состав.
Во продолжение од средбата и двете екипи посебно внимание посветија на одбраните, па затоа се водеше беспоштедна битка се до финишот, а таму подбро се снајдоа гостите.
Чаир како домаќин успеа да го победи Пелистер со 87:80. Уште едена победа на чаирчани против фаворитите, по Работнички вечерва падна и тимот од Битола.
Уште во првиот период се насетуваше ваков исход, ако се знае дека дел од средбата домашните го добија со 25:13. Во втората четвртина гостите вратија со 23:27 ама на пауза се замина со водство на кошаркарите на Чаир.
Во второто полувреме битолчани како да заиграа нешто поконкретно, но сепак на крајот мораа да се задоволат само со пораз, се виде дека пресудна беше првата четвртина за тоа кој ќе победи на овој меч, а тоа беше домашниот состав на Чаир.
Најефикасни беа Диванте Мофит кај домашните со 26 поени, додека Магдевски кај Пелистер забележа 16 поени.