Ждрепката за Европското првенство 2024 година ќе се одржи во Хамбург на 2 декември. На овој турнир квалитетот на репрезентациите е крајно рамномерно распореден, па не може да се предвиди тежината на групата која ќе и се допадне на една репрезентација. Но, знаеме кои репрезентации нема да бидат на ждрепката бидејќи не успеаја да се квалификуваат преку своите квалификациски групи. Сигурно нема да видиме големи ѕвезди на ЕП.
Ерлинг Халанд (Норвешка/Манчестер Сити) и Мартин Одегард (Норвешка/Арсенал)
Убиствениот напаѓач на Манчестер Сити собори рекорд по рекорд на клупско ниво и на 24 години по тројната круна на Сити веќе може да каже дека освои се што треба да се освои, но на репрезентативен план не му цветаат рози. Брилијантно игра и за Норвешка, за која на 29 настапи постигна 27 гола, но во квалификациската група беа далеку зад Шпанија и Шкотска.
Во слична ситуација како Халанд е и Мартин Одегард, некогашниот вундеркинд на Реал Мадрид. Тој веќе има постигнато многу на клупско ниво. Може да каже дека за кралскиот клуб играше како еден од најмладите во неговата историја, а моментално е капитен и незаменлива десетка на Арсенал. Норвешкиот фудбал се предвидуваше дека ќе има златна генерација, но за такво нешто очигледно нема да бидат доволни само две силни имиња.
Виктор Линделоф (Шведска/Манчестер Јунајтед), Дејан Кулушевски (Шведска/Тотенхем) и Александар Исак (Шведска/Њукасл)
Шведска е уште еден скандинавски тим во резултатска криза. Во ерата по Златан Ибрахимовиќ, не може да најде нов лидер. Сепак, Швеѓаните завршија на третото место во квалификациите со големо заостанување зад Белгија и Австрија.
На ЕУРО нема да видиме тројца одлични играчи кои станаа незаменливи во стартните состави на клубовите од врвот на Премиер лигата. Тоа се стоперот на Манчестер Јунајтед Виктор Линделоф, офанзивниот играч за врска на Тотенхем Дејан Кулушевски и напаѓачот на Њукасл Александар Исак.
На списокот има и имиња од репрезентацијата на Црна Гора како Стефан Савиќ, кој игра за Атлетико Мадрид. Еван Фергусон од Ирска, кој во моментов е дел од Брајтон.