Ангеловски: Оваа екипа има иднина, Кузмановски ја подигна атмосферата

237

Пелистер одигра рамо до рамо против Пик Сегед, но за жал не успеа да дојде барем до бод против унгарскиот состав, во последната секунда беше поразен со 27-28. Новата добра игра на македонскиот првак даде импулс дека тимот е на вистинскиот пат и дека допрва ќе има што да покаже.

Бранислав Ангеловски, предводникот на битолскиот тим е среќен што момците веќе веруваат во она што го работат, но и дека можат да дојде до првата победа, посакува тимот да остане фокусиран за да може да се движи на вистинската патека.

„Најпрво да се заблагодарам на моите играчи кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг, веруваат во таа прва победа која ја заслужуваат пред се нашите навивачи, нашиот град. Сметам дека во овој период треба да останеме мирни за да останеме фокусирани за да бидеме сплотени. Да направиме респектабилна екипа за годините што следат. Оваа екипа има иднина, со добра работа и овие мечеви кои ги играме ни дваат право да се надеваме дека ќе бидеме уште подобри“, рече Ангеловски на прес-конференцијата.

Тој имаше пофални зборови за македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, кој дефинитивно му даде импулс на тимот.

„Кузмановски ја подигна целата атмосфера. Моментот кога беше јасно дека има можност да дојде кај нас, најсреќни беа неговите соиграчи. Најважно е дека е со нас, го имаме во ротација заедно со Тајник и Танкоски. Се надевам дека со текот на времето ќе дојде во посакувана форма, после репрезентација ќе се врати на уште повисоко ниво за простанатиот дел од ЛШ и за плеј-офот“. 

ПретходноОдреден е датумот на кој Барса се враќа на “Камп Ноу“!
СледноШампионот се изнамачи со ТФТ, Чаир го “тресна“ Пелистер!