Браво за капитенот: Вака Барди ги прекина свирежите од трибините на химната на Англија! (ФОТО)

13209

Не само што е одличен играч, не само што е капитен на Македонија туку е и голем спортсмен. Се разбира дека тука мислиме на Енис Барди, кој на мечот со Англија покажа дека знае да ги почитува и респектира гостите, па кој да се.

Па така кога почна интонирањето на англиската химна почнаа да се слушаат свирежи од преполната Арена во Скопје. Барди потоа напрви гест за паметење.

May be an image of 4 people, people playing football, people playing soccer and text

Почна да ракоплеска, а потоа тоа го сторија и останатите наши фудбачери, со што им даде до знаење на македонските фанови да престанат со свирежите и тие по неколку секунди тоа и го направија, барем поголем дел од нив.

Време е еднаш да се навикнеме дека не треба да упатуваат свирежи на химните на гостинските репрезентации, освен се разбира на една наша соседна земја, онаа од истокот.

ПретходноПМФЛ: Брегалница – Шкендија се игра в сабота, сите останати мечеви од 15.коло се во недела!
СледноНашата шанса беше Лига Нации, а таму во полуфиналето е Грузија место Македонија!