Гундоган: Ако има нешто позитивно, тоа е што од ова полошо не може да биде!

325

Илкај Гундоган беше многу разочаран од резултатите на германската репрезентација, особено и по последниот пораз од Австрија.

Вчера бундестимот загуби од Австрија (0:2) во последниот натпревар годинава. Германија загуби  6 од 11 натпревари во 2023 година.

„Разочарани сме и вознемирени. Сами ѝ олеснивме на Австрија да создава шанси. Треба да бидеме искрени: не се работи само за одбраната, одбраната започнува со нападот. Не може да биде полошо – можеби ова е единствената позитивна работа засега. Секако, многу е непријатно што треба да живеете четири месеци со овие два негативни резултати. Секој мора да го покаже најдоброто од себе и да се подготви оптимално за мартовските натпревари. Ситуацијата мора да се подобри – нема друг начин“, вели играчот од средниот ред на Барселона.

ПретходноВО ТЕК Е ТРЕТОТО КОЛО ОД „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ НА 2WIN.MK
СледноИнцидент и во Лима: Перуанската полиција со палки по репрезентативците на Венецуелa (ВИДЕО)