ЕВРО 2024: Албанија е најголем аутсајдер, а Англија и Франција се најголеми фаворити!

1086

Иако до стартот на ЕВРО 2024 има уште шест месеци, иако ждрепката ќе се одржи на 2 декември и иако сеуште не се знаат сите учесници, остануваат уште три “визи“, сепак во Европа почна фудбалската грозница што се вели.

И прво прашање е кој е најголем фаворит за освојување на титулата?

Тоа според обложувалницата се Англија, и покрај ремито со Македонија во Скопје, и секако страшната Франција со Мбапе.

Коефициентот за освојување на титулата за овие две селекции е 5, додека следат Германија со 7, Шпанија 8, Португалија 10, Италија, Белгија и Холандија со квота од 15.

На девето место е Хрватска со Данска со квота од 25. За Србија и Турција квотата е 75,

Што се однесува до аутсајдерите, најмали шанси и се даваат на Албанија, квотата е дури 400, додека нешто поголеми шанси и се даваат на Словачка со 225, Романија и Словенија со 200.

ПретходноОфицијално: ПСЖ купи напаѓач за 80 милиони евра!
СледноДокторот молчи за Нејмар и “совршената измама“ во најголемиот трансфер во историјата!