Официјално: ПСЖ купи напаѓач за 80 милиони евра!

2972

Како што денеска беше објавено од страна на ПСЖ, најбогатиот клуб во Франција, и еден од најбогатите во Европа, го купил Гонзало Рамош и со него е потпишан договор до 2028 година. Цената е 80 милиони евра за актуелниот репрезентативец на Португалија.

Image

Интересно е тоа што Рамош изминатото лето дојде во Париз како позајмен играч на Бенфика со можност да се откупи клаузулата од договорот.

Иако искрено Рамош и не се прослави на “Паркот на принцовите“ во изминатите три месеци, сепак ПСЖ одлучи да го има во своите редови во наредните пет години.

ПретходноРаул и ПСЖ само до реми со Колштад!
СледноЕВРО 2024: Албанија е најголем аутсајдер, а Англија и Франција се најголеми фаворити!