Папу Гомез падна на допинг тест затоа што земал лажичка од сирупот за кашлица на неговиот син?!

253

Во октомври беше објавено дека поранешниот играч на Севиља и Аталанта, Папу Гомез, кој сега игра за италијанска Монца, добил двегодишна суспензија поради позитивен допинг тест од 2022 година.

Според информациите, позитивниот допинг тест се должи на конзумирање на нелегални лекови, но за каков лек станува збор, не беше објавено. Казната оттогаш беше обвиткана со мистерија, а во фудбалскиот свет предизвика чудење бидејќи Гомез можеше да игра фудбал и покрај позитивниот тест и беше суспендиран една година подоцна.

Според најновите информации, Папу Гомез излегол позитивен на допинг тестот бидејќи консумирал сируп против кашлица, кој ја содржи супстанцата тербуталин, која Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја означи како нелегална.

Папу објаснил дека по еден тренинг имал лоша кашлица, поради што сопругата му дала лажица од забранетиот сируп за да ја смири кашлицата. Според Гомез, сирупот бил на неговиот син, што го докажал и со лекарски рецепт. Сепак, тоа не ја убедило комисијата да се откаже од казната.

ПретходноКалин со голема победа за место во 2. коло на Челинџерот во Јокохама
СледноВО ТЕК Е ТРЕТОТО КОЛО ОД „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ НА 2WIN.MK