Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо се опорави од повредата и конечно повторно му е на располагање на Ерик тен Хаг.
Клубот потврди дека Лук Шо се вратил во тимот и дека најверојатно ќе може да игра веќе овој викенд кога тимот ќе гостува кај Евертон.
Шо е надвор од терените од крајот на август, а неговото отсуство се чувствуваше во играта на Манчестер Јунајтед, па ова е многу важна вест.
Сега надвор од теренот се Мартинез, Маласија, Еванас, Касемиро, а се очекува да се врати Расмус Хојлунд.
Манчестер Јунајтед во недела гостува кај Евертон.