ЕУРО 2024: Ова се двојките за 1/2 финалните бараж натпревари за пласман на ЕП, БиХ против Украина!

564

Денеска во Нион беше одржана ждрепката за 1/2 полуфиналните бараж натпревери за пласман на ЕУРО 2024 кое ќе се одржи во Германија во јуни и јули следната година.

Има 12 селекции а само три “визи“. Прво се играат полуфиналиња а победниците во секој сегмент од Лига Нации, ќе играат финале па така ќе се добијат тие три селекции кои ќе настапат на европскиот фудбалски самит. Најинтересно ќе биде секако меѓу БиХ и Украина во полуфиналето, победникот од овој меч ќе игра со подобриот од дуелот Израел – Исланд.

Инаку овие мечеви се закажани за во март.

ПОЛУФИНАЛНИ ДВОЈКИ:

Image

ЛИГА НАЦИИ – А

Полска – Естонија

Велс – Финска

Image

ЛИГА НАЦИИ – Б

Израел – Исланд

БиХ – Украина

Image

ЛИГА НАЦИИ – Ц

Грузија – Луксембург

Грција – Казахстан

ПретходноДобро да се размисли – дали со Канатларовски имаме иднина!?
СледноПолна сала и мотив до небо: Струмица вечерва атакува на прва европска победа