Сенегалскиот напаѓач Умар Нијасе ја продолжува кариерата во англискиот седмолигаш Максфилд со кој потпиша краткорочен договор. Евертон го донесе овој играч во февруари 2016 година од Локомотива Москва за 18 милиони евра, меѓутоа немаше корист од него.
По Евертон заигра за Хадерсфилд во Чемпионшип, потоа за Бартон во Лига 1, а од март оваа година беше во четвртолигашот Моркамб. Вртоглавиот пад на кариерата за Сенегалецот кој сега ќе игра за седмолигаш.
Инаку клубот од „Мос Роуз“ стадионот се наоѓа на четвртото место во северната Премиер лига со амбиција идната сезона да заигра во ранг погоре.