Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, КРАЛОТ на тенисот, во интервју за “Марка“ си кажа какви му се амбициите и желбите за наредната година.
Човекот кој ги урива сите можни рекорди, кажа дека има намера во 2024 година да дојде до „Голден Слем“ а тоа значи само едно.
Освојување на сите четири гренслема во годината, АО, Ролан Гарос, Вимболдон и УС Опен, но и златото на ИО во Париз кои ќе се одржат во летото следната година:
“Дали е тоа реално? Јас мислам дека можам тоа да го направам. Верувам во себе, не сакам да звучам препотентно, но психичи и физички сум подготвен за такво нешто, само да нема некои несакани повреди. Сакам значи да ги освојам сите четири гренслема и златото на ОИ во Париз или Голден Слем“ истакна Новак.