Сега се чини дека и дефинитивно во блиска иднина Тетово добива нов и модерен стадион. Како што денеска објвави градоначалникот на градиот Билал Касами, објавен е тендер за изградба на новиот стадион во градот под Шара.
Истиот ќе чини околу 10 милиони евра и ќе треба да биде готов за три години.
На трибините ќе има место за 12.000 гледачи, ќе има и ВИП простор и се она што треба за да стадион на кој ќе може да се играат европски натпревари.
На овој стадион се очекува да игра и нашата најдобра фудбалска репрезентација.