Англичаните сакаат балканска група на ЕП – со Србија, Словенија и Албанија

352

Ждрепката за Еп 2024 ќе биде извршено на 2 Декември во Хамбург, а англиските медиуми веќе објавија која група најмногу му одговара на националниот тим за полесен пат до нокаут фазата.
Од сите можни комбинации најдобрата група за четата на Герет Саутгејт би била во друштво на балканските репрезентации на Србија, Словенија и Албанија. Според изданието овие селекции се далеку од европската елита, а и потешка група не би требало да ги плаши Англичаните кои го чекаат ЕП со големи амбиции.
Да потсетиме дека до сега се познати 21 учесник на ЕП, а три ќе бидат познати по одигрувањето на баражите во Лигата на нациите.

ПретходноБалотели: Се уште сум најдобар италијански напаѓач, oвие денес не шутираат на гол
СледноРајковиќ подобар од Димитријевиќ во македонскиот дуел во ВТБ лигата