Асвел загуби од Баерн на првиот меч на новата арена

91

Барселона ја запиша осмата победа во десеттиот меч сезонава во Евролигата. Каталонскиот џин во Белград славеше над Макаби од Тел Авив со +2 поени (90-92).
Кај Барселона блескаше Николас Лапровита со 23 поени, а по него 16 постигна Алекс Абрињес. Кај Макаби Вејд Болдвин реализираше 19 поени.
Лидерот Реал Мадрид остана перфектен и по деветтиот одигран меч. Вечерва во Мадрид падна Алба со 97-72. Хрватскиот репрезентативец во редовите на Реал, Марко Хезоња постигна 26 поени на мечот. Десет повеќе од следниот најдобар поентер Просида од Алба.

А Асвел ја отвори новата арена, грандиозната „ЛДЛЦ Арена“ но загуби од Баерн со 100-101 и тоа во продолженија.

РЕЗУЛТАТИ
МАКАБИ ТА – БАРСЕЛОНА 90-92
ПАНАТИНАИКОС – ВАЛЕНСИЈА 90-73
ВИРТУС – ФЕНЕРБАХЧЕ    87-79
РЕАЛ МАДРИД – АЛБА 99-72
АСВЕЛ – БАЕРН 100-101

Standings provided by Sofascore
ПретходноМонпеље го суреди Порто, Митревски со мала минутажа и само една одбрана
СледноСари: Погрешив што ја напуштив Премиер лигата за да се вратам во Италија