„Битолчани, „Чкембари“ – капа доле“

1965

Во Битола остана горчина, но истовремено и надеж по вчерашниот пораз од Пик Сегед во рамките на осмото коло во Лигата на шампиони. Пелистер беше уште подобар во реванш мечот против унгарскиот тим, но за жал во самиот финиш прими гол и остана без бод.

И на оваа средба ракометарите на македонскиот првак ја имаа поддршката од трибините, а денеска од клубот им се заблагодарија на сите кои беа во салата „Боро Чурлевски“ и приредија одлична атмосфера. Битолчани на крајот дури со аплауз ги испратија гостите покажувајќи дека се големи и во порази и во победи.

ПретходноМурињо: Јас сум навивач на Реал, се надевам дека Анчелоти нема да ја повтори мојата грешка!
СледноБројки и факти: Оваа Македонија е со потпросечен циклус!