Иако минаа 6,5 години сепак трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ во таа 2017 година, сеуште е рекорден. Никој после тоа не платил 222 милиони евра како што тоа го направи ПСЖ за бразилската мега – ѕвезда.
Сепак после се, се открива дека тоа било бизнис на векот за Барса и кикс на векот на ПСЖ. Имено Немар бил повреден, имал проблеми со стапалото на десната нога. И како фудбалер на ПСЖ познато е дека Нејмар во неколку наврати имаше проблем со таа повреда.
Интересно, и по толку години докторот Ерик Роланд поради докторскиот кодекс едноставно не сака да разговара на оваа тема.
Сепак за тоа највиновен е самио ПСЖ кој дозволил да се реализира трансферот, односно платил рекордна сума на пари за повреден играч.
Веројатно беше славјето во Париз по заминувањето на Нејмар во С. Арабија каде само што почна да игра за Ал Хилал, во настап на репрезентацијата на Бразил ги скина лигаментите.
Па сега Саудијците се јадосуваат што го купиле.