Легендарен југословенски фудбалер седнува на клупата на репрезентацијата на Косово!

9265

Блаж Слишковиќ би можел да биде селектор на репрезентацијата на Косово. Овие вести денеска ги лиферуваат медиумите во Косово и пред се во неговата БиХ.

Популарниот Бака е вистинска фудбалска легедна на некогашна Југославија, некогашен фудбалер на Вележ а потоа и на Хајдук. Беше вистинска ѕвезда, играше и за репрезентацијата и имаше и кариера надвор од екс – СФРЈ.

Тој беше селектор на БиХ во 2002-2006, и има настап против Македонија на “Грбавица“ со резултат 4:4 во пријателски меч. Како тренер на Зрински во 2007 година беше елиминиран од Работнички во квалификациите во Лигата на Европа.

ФОТО: FK Zeleznicar

ПретходноСензационално: И да се пласира Манчестер Јунајтед нема да може да игра во Лигата на Шампионите!
СледноМакедонецот ќе се бори за златото: Илиоски се пласира во финалето на СП во кик бокс!