Убаво признание за ракометарот на РК Алкалоид, Марко Митев. Девет гола од девет обиди на младиот македонски бек Марко Митев на дуелот со Бјерингбро Силкеборг не останаа незабележани од ЕХФ.
Остварувањето беше доволно за да влезе во најтесниот избор за играч на колото. Друштво на Митев во овој избор му прават Дејан Милосављев кој имаше шоу во Букурешт, потоа Натат Суарез од Спортинг и Хрватот Лука Мославац од Нексе.