Монпеље го суреди Порто, Митревски со мала минутажа и само една одбрана

98

Во ракометната Лига на шампиони се одиграа пет натпревари, а во Португалија екипата на Порто за која настапува македонскиот голман Никола Митревски беше поразена од Монпеље со 25-29.
Со тоа француската екипа ја запиша четвртата победа во осмиот меч во својата група, а Порто го запиша петтиот пораз.
На овој меч поголема минутажа имаше резервниот голман Рема кој не остави впечаток, а Митревски играше во финишот и запиша една одбрана од шест обиди на гостите.
Целје остана со нула бодови во Лигата на шампионите со пораз на гости кај Веспрем (31-41). Маргуч постигна шест гола, а Сандел и Косоротов по пет кај победникот, додека кај словенечкиот првак Јанц имаше блескава партија со десет гола.

РЕЗУЛТАТИ
ГОГ – МАГДЕБУРГ 25-32
КИЕЛЦЕ – ЗАГРЕБ 28-24
ВЕСПРЕМ – ЦЕЛЈЕ 41-31
БАРСЕЛОНА – ВИСЛА 32-25
ПОРТО – МОНПЕЉЕ 25-29

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore
ПретходноПортугалец ќе го преземе Ал Сад и ќе стане најплатен тренер на светот
СледноАсвел загуби од Баерн на првиот меч на новата арена