Албанија по вторпат ќе игра на едно ЕП. Ова е една од топ-приказните за престојното ЕВРО 2024. Нашиот западен сосед имаше одлични квалификации и сосема заслужено се најде на европскиот фудбалска самит.
Една од најневеројатните приказни е онаа врзана за Мирто Узуни, албанскиот репрезентативец кој сега игра за Гранада.
За почеток тој вели:
„Додека бев дете јас и моите родители влеговме во ЕУ, во Грција и тоа низ шума, за тоа плативме 20.000 евра. Фудбалот беше мојот сон, но во тоа време морам да престанм да тренирам додека бевме во Грција. Секоја ноќ плачев во тоалетот, едноставно не сакав да ме видат така разочаран моите родители. Тогаш иако дете работев на црно. Бев келнер, миев тањири и чаши, берев маслинки, чистев по куќите и тогаш почнав да тренирам и фудбал“.
Сепак среќата му се насмеала подоцна:
“Откако играв на еден турнир ме виделе скаутите на Олимпијакос и требаше да минам во нивната школа, но сепак како емигрант не можеше тука ништо да се направи. Сепак по некое време се вративме во Албанија и јас почна да играм првпат за еден клуб, се вика Томори Берат и мојата права плата беше 165 евра и сите тие пари им ги давав на моите родители“.
Подоцна откако играл за други поголеми клубови во својата земја во 2018 направил трансфер во Локомотива Загреб, па во Ференцварош и сега игра за Гранада.
За селекцијата на Албанија досега одигра 35 натпревари на кои постигнал 5 голови.
И сега во јуни ќе игра на ЕВРО 2024.
Убава и поучна приказна.