Ова се играчите кои земаат најмали плати во Премиерлигата, меѓу нив и едно познато име!

1358

Често во медиумите се пишува или прикажува колкави се платите на најплатените фудбалери, ретко кој кога се занимава со тие кои се најслабо платени.

Па, еве да пренесеме и за тоа.

Имено најслабо платен фудбалер во најсилната лига во светот е Алекс Мигхтен од Нотингем Форест кој зема 192.000 евра годишно, или 16.000 евра месечно. На второ место на оваа листа е Рајс Норингтон – Дејвис од Шефилд со 220.800 евра или 18.300 месечно.

Меѓу најслабо платените е и познатиот киксер, германскиот голман Лорис Кариус од Њукасл, кој зема само 552.000 евра годишно.

ТАБЕЛА НА НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИ ИГРАЧИ

1.Алекс Мигхтен (Нотингем Форест) 192.000 евра – годишно

2.Рајс Норингтон – Дејвис (Шефилд) 220.800

3.Џордан Кларк (Лутон) 273.600

4.Џејмс Шеа (Лутон) 412.800

5.Пели Радок Мпанзу (Лутон) 412.800

6.Кортни Хаус (Астон Вила) 445.440

7.Лорис Кариус (Њукасл) 552.000…….

Од друга страна највисоките плати ги земаат двајца играчи на Манчестер Сити и тоа Кевен Де Брујне и Ерлинг Халанд. Првиот е рекордер во ПЛ со 23 милиони евра годишно, а Норвежанецот зема 22,4 милиони евра годишно.

Да напоменеме дека сите суми погоре се нето.

ПретходноЕУРО 2024: Англија и Франција вредат по милијарда евра, Романија и Албанија со најмала вредност! (ФОТО)
СледноБалотели: Се уште сум најдобар италијански напаѓач, oвие денес не шутираат на гол