Пелистер се жали во ЕХФ за судeњето на мечот со ПИК Сегед во ЛШ

195

Екипата на Пелистер испрати жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата А на Лигата на шампионите против унгарски ПИК Сегед.
Сметаме дека нашиот клуб не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход. Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата. Оваа жалба е одговорност кон нашите професионалци во клубот, армијата навивачи на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет кој го претставуваме.
Спортски поздрав“, соопштија од клубот.

ПретходноСтрумица доцна се разбуди: Дирен со убедлив триумф пред реваншот во Германија
СледноИграчот за кој Евертон даде 18 милиони евра потпиша за седмолигаш