Португалец ќе го преземе Ал Сад и ќе стане најплатен тренер на светот

905

Каталонски „Спорт“ пренесува информација дека португалскиот стратег Абел Фереира наскоро ќе стане тренер на Ал Сад од Катар и ќе стане најплатениот фудблски тренер во светот.
Изданието пренесува дека Португалецот добил мулти милионски договор не откривајќи ја сумата од Ал Сад, но сумата е повисока од сите останати кога се работи за тренерите.
Преговорите се во завршна фаза и официјално ќе биде потпишан договорот за две недели кога бразилскиот шампионат ќе заврши затоа што Фереира е тренер на Палмеирас.
Фереира со Палмеирас еднаш беше шампион на Бразил и два пати ја освои Копа Либертадорес.

ПретходноДи Марија: Ќе ја напуштам аргентинската репрезентација по Копа Америка
СледноМонпеље го суреди Порто, Митревски со мала минутажа и само една одбрана