Сари: Погрешив што ја напуштив Премиер лигата за да се вратам во Италија

678

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари изјави дека донел погрешна одлука кога ја напуштил Премиер лигата и се вратил во Италија. Сари пред две години го презема Лацио и го врати во ЛШ со тоа што заврши втор минатата сезона. Тимот сега е во силна позиција за пласман во нокаут фазата.
Тој објасни зошто верува дека англискиот фудбал е единствениот одржлив систем.
Единствениот одржлив фудбал е англискиот фудбал, најтрадиционален, каде што во сабота попладне нема натпревар на телевизија бидејќи луѓето ги преполнуваат стадионите и во послабите категории.
Финалето на ФА Купот е најгледаниот натпревар во светот по финалето на Лигата на шампионите, но веќе сто години секогаш ги има истите ритуали и се игра на Вембли, а не во Арабија (како финалињата на италијанскиот Куп и Суперкуп)“.

Погрешив што го напуштив Челзи. Не знам зошто, но силно сакав да заминам не толку од Челзи, кој ќе ме задржеше, туку од Премиер лигата, која е уникатна убавина. Враќањето во Италија беше грешка“.

Тој даде неколку предлози за подобрување на фудбалот во Италија и Европа.

Максимум 50 натпревари. Можеме барем да започнеме со малите нешта, како што се откажување од летните турнеи и враќање на Купот на Италија во август дури и за големите тимови, терајќи ги да играат на терените на тимовите од Серија Ц, кои потоа ќе заработат пари за да преживеат цела година“, вели Сари.

ПретходноАсвел загуби од Баерн на првиот меч на новата арена
СледноУЕФА го казни Селтик поради поддршката за Палестина!