Познати се судиите за натпреварите од 15.коло во ПМФЛ кои се закажани за претстијниот викенд. Нашата најдобра судијка Ивана Пројковска од Скопје, ќе ја дели правдата на средбата во Кавадарци каде играат Тиквеш и Брера, додека во Штип главен ќе биде Александр Грујоски од Кичево.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за 15.коло.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 15.КОЛО ВО ПМФЛ – НЕДЕЛА (13 Ч)
Силекс – Вардар: Ндерим Тефику (Куманово)
Шкупи – Македонија ЃП: Благојче Ралевски (Битола)
Работнички – Гостивар: Јован Качевски (Струга)
Тиквеш – Брера: Ивана Пројковска (Скопје)
Струга ТЛ – Воска: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
САБОТА:
Брегалница – Шкендија: Александар Грујоски (Кичево)