Бразил до тој 7 декември 2022 година беше перфектен. До тоа 1/4 финале на СП во Катар минатата година со Хрватска. Сите беа уверени дека Нејмар, Вини, Пакета и останатите ѕвезди на селекторот Тите ќе ја растурат Хрватска и ќе се закажат полуфинале со Аргентина на Меси, но и дека ќе го освојат пехарот во Катар.
И тогаш на ден пред дуелот со Хрватска се случи нешто несекојдневно. Имено додека говореше Винициус во салата за прес влета една мачка и си се качи на масата каде беа поставни микрофоните. Тогаш портпаролот на репрезентацијата на Бразил грубо ја фати несреќната мачка и ја исфрли од просторијата и тоа подоцна се виде дека било кобно за неговата селекција.
Имено во Катар и во другите околни земји мачката е свето животно. И од тогаш во изминатата година на Бразил му се случува резултатска катастрофа.
Јасно е дека мечот со Хрватска беше загубен, а еве Бразил е во невидена серија од три порази по ред во квалификациите.
Најстрашно е тоа што меѓу фановите во таа земја има повици дури и да се линчува несрeќниот портпарол.