Нова луда изјава на поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели. Нешто тивок беше изминатите една до две години, а 33-годишниот напаѓач на Адана Демирспор се смета себе си за најдобар италијански напаѓач на денешницата.
„Мислам дека и понатаму сум најдобар италијански напаѓач. Го гледав мечот со Украина, каде беа Распадори или Скамака? Не ги видов дека играа. Колку пати шутнаа на голот двајцата заедно? Два пати?
Знам дека треба да сум фит за да играм за националниот тим. Се уште се надевам дека ќе се вратам. Претходно неколку пати зборував со Спалети“, вели скандалозниот напаѓач.
Оваа сезона „Супер Марио“ на пет меча во турската Супер лига постигна три гола.
Дома Меѓународен фудбал ЕП/СП Балотели: Се уште сум најдобар италијански напаѓач, oвие денес не шутираат на...