“Бомба“ во Минхен: Чаби Алонсо на клупата на Баерн?!

1515

Дали деновите на Томас Тухел како тренер на Баерн Минхен му се изборојани? Ако се верува на шпанскиот медиум „Ел Чирингито“, тогаш да!

Имено се шпанците лиферуваат вест дека на клупата на “баварците“’ наскоро, од следната сезона, ќе седне Чаби Алонсо, некогашниот фудбалер на Баерн Минхен и сегашен тренер на Баер Леверкузен, кој со “фармацевтите“ прави фантастични резултати.

Според овој медиум, во раководството на Баерн Минхен веќе подолго време не се задоволни од резултатите на Тухел па сакаат да го вратат Шпанецот, но сега како тренер на „Алијанс Арената“.

Сепак за услугите на Чаби Алонсо силно е заинтересиран и Реал Мадрид, а тој има договор со Леверкузен.

ПретходноДани Алвес ќе мине 9 години во затвор?!
СледноЕУРО 2024: Англија и Франција вредат по милијарда евра, Романија и Албанија со најмала вредност! (ФОТО)