Бројки и факти: Оваа Македонија е со потпросечен циклус!

1308

Игор Д. Ивановски

Вкупно 30 фудбалери настапија кај селекторот Благоја Милевски на изминатите 8 квалификациски средби од циклсот за пласман на ЕП 2024. Македонија има неуспешен циклус, пласман на лошата 4-та позиција од табелата во група со Англија, Италија, Украина и Малта.

Анализата и бројките се доказ дека нашиот национален тим не бил на потребното ниво и низ овие квалификации нема посебен учинок, кој би се паметел во иднина. Тешките порази кај Англија (7:0), и Италија (5:2), се главниот впечаток, затоа што загубивме убедливо каде претходни никогаш не сме загубиле како гости и тоа кај двете светски велесили. Кај Англија претходни игравме 2:2 и 1:1, а кај Италија 1:1 и историскиот тримф 0:1. Но, ете сега се вративме со две тешки „нули“.

Ова се факти и вистини исто како што е вистина дека во овие квалификации освоивме само еден вистински бод и тоа оној со Италија (1:1), дома во екот на квалификациите кога беше жешко и кога траеше битката за водечките позиции. Малта не се „брои“ зошто Малта сите ја победија, а Англија е меч, последен од групата кога се беше решено и кога најдобриот тим во светот како што е „Гордиот албион“, одамна се чекираше на ЕП и немаше обврска дека „мора“ да победи. Така во минатото ја победивме и Хрватска, но освен моментална радост тоа ништо не ни донесе во иднина. Да се надеваме дека овие 1:1 со Англија ќе бидат нешто посебно и инспирација а времето ќе покаже дали тоа ќе биде така.

Дуелите со Украина се „киксовите“ на Македонија, селекција која сме ја победувале во минатото и селекција против која ги одигравме најдобрите 45 минути. Оние скиопските кога водевме со 2:0, кога ги газевме на теренот, а во вториот дел ни се случи хаварија, пресврт и болен пораз од 3:2 кој беше причина и за историската катастрофа неколку дена покасно на „Олд Трафорд“ и поразот од 7:0 од Англија.

Освоивме скромни 8 бодови, пласман на лошото 4 место со 20 примени голови. Далеку бевме од конкурентни барем за третото место во групата (што е наш најдобар ласман во минатото). Одбраната беше очајна во деновите кога Македонија во Столе Димитриевски го има најдобриот голман што некогаш ја бранел нашата репрезентативна мрежа, а единствената „чиста мрежа“ ја имавме со Дамјан Шишковски на Малта. Вкупно 13 дефанзивци на 8 средби ротираше Милевски кај најболната позиција во тимот од кои најмногу на десната бековска позиција која остана „тенка“ по Англија и одлуката на капитенот Стефан Ристовски да се повлече од националниот тим досека Благоја Милевски е селектор.

Енис Барди и Елиф Елмас со по три гола се најдобрите стрелци во овие квалификации каде мрежите ги тресеа уште и Чурлинов, Манев и два на Атанасов.

На сите 8 средби настапија само Елиф Елмас (со најголема минутажа), Енис Барди, Егзџан Алиоски и Стефан Ашковски.

Благоја Милевски и националниот тим шансите за пласман на ЕП ги загубија во Лигата на нации од Грузија и Бугарија. Тоа исто така беше очајно за нашите момци кои токму преку ова натпреварување на УЕФА во минатото напишаа историја и настапија на ЕП. Сега за нас се е готово, следат тест дуели и Лига нации за „ништо“ кои се само за престиж и не водат никаде, а се игра идната есен.

Селекторот ќе добие нов договор, најави и прави подмладување но треба да знае дека подмладување се прави со играчи кои настапуваат во младите селекции (такви нема викнато, а најверојатно и дека нема кого затоа што во У21 е исто така кататсрофа).

Ако се превземе обврска, се превзема ризик… – треба да има и одговорност, за во иднина затоа што оваа јавност сака успеси сега и не сака да живее од минатото и од историја.

       ИГРАЧИ СО КОИ НАСТАПИВМЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2024

Фудбалери кои беа само на клупата: Ердон Даци, Димитар Митровски, Тодор Тодороски, Игор Алексовски, Давор Здравковски, Давор Талевски, Дејан Илиев, Ваљон Ахмеди.

Претходно„Битолчани, „Чкембари“ – капа доле“
СледноНеверојатна приказна: “Низ шума влеговме во ЕУ, а за тоа плативме 20.000 евра, сега ќе играм на ЕВРО 2024!“