По се она што се случуваше на мечот меѓу Бразил и Аргентина, по сите оние инциденти меѓу бразилската полиција и аргентинските навивачи, ФИФА се одлучи да покрене истрага против организаторот, а тоа секако дека Бразилската фудбалска Конфеферација.
Токму затоа сите во таа земја, во Бразил, се во паника. Имено ако се најде вината во организаторот, тогаш постојат опции за три бида казни. Првата е парично да се казни организаторот, потоа наредната средба или средби да се игра пред празни трибини и третата, поради која е паниката, на Бразил да му се одземат бодови.
Проблемот е во тоа што “селекао“ игра очајно и затоа се наоѓа на 6.место на табелата, и ако му се одземат бодови тогаш тешко ќе се најде на СП во 2026 кое се игра во САД, Канада и Мексико.
Се разбира дека тоа ќе биде голем удар за Бразил како држава, посебно ако се знае дека само Бразил досега учествувал на сите СП досега во историјата.