Играчот за кој Евертон даде 18 милиони евра потпиша за седмолигаш

876

Сенегалскиот напаѓач Умар Нијасе ја продолжува кариерата во англискиот седмолигаш Максфилд со кој потпиша краткорочен договор. Евертон го донесе овој играч во февруари 2016 година од Локомотива Москва за 18 милиони евра, меѓутоа немаше корист од него.
По Евертон заигра за Хадерсфилд во Чемпионшип, потоа за Бартон во Лига 1, а од март оваа година беше во четвртолигашот Моркамб. Вртоглавиот пад на кариерата за Сенегалецот кој сега ќе игра за седмолигаш.
Инаку клубот од „Мос Роуз“ стадионот се наоѓа на четвртото место во северната Премиер лига со амбиција идната сезона да заигра во ранг погоре.

ПретходноПелистер се жали во ЕХФ за судeњето на мечот со ПИК Сегед во ЛШ
СледноДи Марија: Ќе ја напуштам аргентинската репрезентација по Копа Америка