Рајковиќ подобар од Димитријевиќ во македонскиот дуел во ВТБ лигата

111

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ со својат ЦСКА Москва славеше победа на гостувањето кај УНИКС Казан на Ненад Димитријевиќ (66-79) во меч од ВТБ лигата.
Димитријевиќ повторно беше најдобар кај УНИКС со 16 поени за речиси 33 минути на теренот, а 14 постигна Кулагин. Најефикасен на мечот беше кошаркарот на ЦСКА, Амат М’Баи со 17 поени.
ЦСКА е лидер на табелата со скор од 11 победи и еден пораз. Уникс е втор со скор од 8-3.

ПретходноАнгличаните сакаат балканска група на ЕП – со Србија, Словенија и Албанија
СледноСтрумица доцна се разбуди: Дирен со убедлив триумф пред реваншот во Германија