Пеп Гвардиола зборуваше за претстојниот меч на Манчестер Сити и Ливерпул во Премиер лигата. Меѓутоа новинарите повеќе ги интересираше друга тема, одземање на бодовите на Евертон и прашањето дали и за Сити следува исто сценарио.
„Адвокатите ќе ја изложат одбраната пред судијата. Моето мислење не се менува, ќе чекаме да го видиме исходот. Нема да зборувам за Евертон затоа што немам вистинска слика за тоа што се случувало. Нашиот и нивниот се потполно различни случаи. Знам луѓе кои зборуваат дека и Сити би требало да биде префрлен во петтата лига, но ајде да почекаме“, рече Гвардиола.
Го потсетија на 115-те точки за кршење на финансиските протоколи, а тој одговори:
„Тоа е добро прашање и ќе одговорам вака. Ме испрашувате како да сме казнети, а засега сме невини. Знам дека некои луѓе тоа го сакаат… Го чувствувам тоа… Но кога пресудата ќе биде изречена и ќе сретнеме и ќе објаснам. Дури и паднеме во Лига 1 ќе останам на клупата“, вели каталонскиот тренер.