Милев: На реваншот во Германија ќе покажеме дека ова не е нашиот максимум

235

Одбојкарите на Струмица одиграа меч во грч и останаа со празни раце на првиот дуел од 1/16-финалната рунда во Купот на ЦЕВ. Поразот на првиот меч во Струмица од 0:3 практично и да не им остава многу можности за оптимизам пред реваншот кој ги очекува следниот четврток во Дирен. Германскиот бундеслигаш се покажа како исклучително силен и одлично подготвен тим, кој со големи амбиции влегува во ова европско натпреварување.

„Игравме против доста квалитетна екипа, која ќе се бори за висок пласман и во германското првенство и во европските купови. Заслужено победија. Освен првиот сет каде направија разлика со доста силни сервиси, во останатиот дел од натпреварот сметам дека одигравме добро. Ни недостигаат вакви силни натпревари каде што ќе можеме да растеме. Одговорно тврдам дека ова не беше нашиот максимум и на гостински терен очекувам подобра игра и подобар резултат“, вели најискусниот во редовите на нашиот шампион, Владо Милев.

Струмица денеска им се заблагодари на сите навивачи кои ги бодреа од трибините на првата средба и најави дека на реваншот следниот четврток ќе се обиде да покаже уште подобра одбојка.

ПретходноСкопските „црвено-црни“ без проблеми во Неготино
СледноАлкалоид доминантно до „12 од 12“ во Супер-лигата