Тениската репрезентација на Австралија се пласираше во финалето на Дејвис купот во Малага откако денеска ја победи Финска со 2-0.
Алексеј Попирин ја оствари првата победа за Австралија, а потоа и Алекс де Минор го совлада Емил Русувори со 6:4, 6:3 за конечен успех. Моментално 12-тиот тенисер во светот потроши нешто повеќе од час и половина за да и го донесе на својата земја второто последователно финале на престижното натпреварување.
Австралија за трофејот ќе се бори со победникот од дуелот во кој во сабота од 12 часот се среќаваат Србија и Италија.